Најдобриот италијански тенисер Јаник Синер, осморангиран на АТП листата, ја освои својата прва титула од Мастерс серијата 1000 во Торонто во неделата, победувајќи го Австралиецот Алекс де Минoр, 18-ти на АТП, во финалето со 6-4, 6-1 во меч кој траеше 89 минути.
За Синер ова беше трето финале на Мастерсисте и се покаќа среќно, откако беше поразен во финалето на Мајами од Данил Медведев годинава и од Полјакот Хуберт Хуркач во 2021 година.
За Синер ова беше вкупно 11-то финале на АТП Тур, и ја освои својата осма титула, втора сезонава по триумфот во Монпелје.
Алекс де Минoр стигна до своето 14-то финале, негово прво на турнирите од Мастерс серијата, но остана на седум титули. Во најголемиот индивидуален меч во кариерата тој како да остана без сили, откако на патот до финалето ги совлада осмиот носител Американецот Тејлор Фриц и третиот тенисер во светот Данил Медведев. Во финалето освои помалку од 50 отсто од поените по неговиот прв сервис, што доведе до негов пораз.
Со новите 1.000 поени, Синер ќе напредува за две места и ќе стигне до шестата позиција, што е најдобар пласман во неговата кариера. И Алекс де Минаур ќе го подобри својот најдобар пласман. Досега беше на 15-то место, а од понеделник ќе биде 12-ти.