EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Ашковски: Не сме задоволни со бод, заслуживме повеќе во Бугарија

Репрезентацијата на Македонија одигра нерешени 1-1 на гостувањето во Разград кај Бугарија, во рамките на првото коло на Лигата на нации. Избраниците на Боби Милевски доминираа и имаа шанси, меѓутоа не успеаја да прокнижат три бода.

Ден по натпреварот, своето мислење го изнесе Стефан Ашковски кој го одигра целиот натпревар на „Хуверфарма Арена“.

„Искрено не сме многу задоволни со освоениот бод, сметам дека заслуживме повеќе според покажаната игра. Сепак, ова е прв натпревар од Лигата на нациите и се надевам ќе бидеме уште подобри во следните. Вториот дел го отворивме многу добро, штета што не искористивме дел од шансите кои ги имавме.

Имавме мал пад во завршницата, сепак доаѓаме сите од завршена сезона. Но, Македонија има доволно играчи во ротацијата и верувам дека кој и да се најде во тимот во следните дуели ќе го даде својот максимум“, кажа Ашковски.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп: Во последниот работен ден од неделата овој знак го очекува голем успех на деловен план, особено за еден знак доаѓа љубовта!

Angela

Трогателната објава на Марија Шерифовиќ по веста за смртта на Саша Видиќ (ФОТО)

Angela

Дневен хороскоп (5 август 2021)

Angela