EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Барди во друштво на Роналдо, Мендиета, Ди Стефано, Негредо..!

Македонскиот репрезентативец во четвртокот постигна два гола со кои го спаси Леванте од пораз против Атлетико Мадрид во рамките од шпанската „Ла Лига“.

Енис Барди во прав момент се враќа во добра форма пред новите репрезентативни обврски во ноември кога ќе се одиграат двата последни квалификациски натпревари за пласман на СП.
Тоа што не е добро за Леванте што и натаму нема триумф сезонава во најсилното шпанско првенство и се наоѓа моментно во опасната зона за испаѓање.

Барди е само седмиот фудбалер во историјата на „Ла Лига“ кој постигнал два гола од пенал во натпревар против Атлетико Мадрид.

Тоа претходно им успеа на Корона (1948 година), Франко (1949), Ди Стефано (1953), Мендиета (1998), Негредо (2010) и Кристијано Роналдо (2011).

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се дистрибуира гласачкиот материјал, за печатење потрошени 60 тони хартија

Angela

Голем месечен хороскоп за јуни – овој знак го очекува љубовна врска на работното место, а еве за кого следува голем успех и кои ќе бидат најсреќни знаци!

Angela

Дневен хороскоп: За еден знак проблеми, за друг успех

Angela