EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Барселона му даде отказ на Куман со отштета од 12 милиони евра

Барселона ноќеска го отпушти тренерот Роналд Куман по 14 месеци на функцијата, само неколку часа по поразот од Рајо Валекано со 1:0. Ова следува откако Барселона собра само 15 бодови во првите десет првенствени кола и се наоѓа на деветтото место на табелата. Таа исто така има два пораза во групната фаза од Лигата на шампионите.

„Претседателот Лапорта го информираше Куман за одлуката по натпреварот со Рајо Валекано. Роналд Куман денеска ќе се збогува со екипата“, објави Барселона на Твитер по полноќ.

Свој удел во отказот за Куман имаше и македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, кој му одбрани пенал на Мемфис Депај.

Според шпанските медиуми, Барселона ќе му исплати рекордно висока отштета на Куман за раскин на договорот, која изнесува 12 милиони евра. На Куман не му одеше во прилог и тоа што ја водеше Барселона среде големата финансиска криза во клубот, поради која и Лео Меси мораше да си замине летоска.

Меѓу фаворитите да го наследи Куман е клупската легенда Чави, кој моментално работи во Катар.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ЖЕНСКИ ЗМЕЈ: Неда Украден во бикини нема конкуренција, ја отвори летната сезона – позираше во жешко издание, годините за неа се само бројка (ФОТО)

Angela

Вака изгледа мајката на Милош Биковиќ: Таа е негова најголема поддршка, а еве што доби од првиот голем хонорар на актерот

Angela

НАСА откри колку земјотреси констатирала мисијата на Марс

Angela