EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

Бајкалско Езеро – сибирското сино око (галерија)

Бајкалското езеро се наоѓа во јужен Сибир, има облик на полумесечина и е најдлабоко езеро во светот, а најголемо во Европа. Бајкалското езеро претставува одличен сведок за историјата на Земјата, има должина од 636 километри, со максимална длабочина од 1.637 метри и во него се наоѓа редок вид на животински и растителен свет. Од 2700 видови на риби кои живеат во ова езеро, дури 60% од нив не постојат никаде на светот, туку можат да се најдат само тука.

Постои интересна легенда, која се вели дека ова езеро е старец со 336 синови и ќерки, но само едно дете се одделило од нив во вид на река по име Ангара кое истекува од езерото. Строгиот Бајкал сакал својата ќерка да ја омажи за Иркурта, а таа се заљубила во Јенисеја и една вечер додека Бајкал спиел, таа побегнала со својот сакан. Кога Бајкал се разбудил и видел дека ја нема неговата ќерка, побеснел и кревал огромни бранови, а рибите побегнале на дното на езерото. Дури откинал и карпа од планината и ја фрлил по својата ќерка, карпата паднала на грлото на девојката и од нејзините солзи настанало езерото Ангара. Од тогаш на ова езеро се носат жртви како Бајкал не би се налутил и ја поплавил целата земја.

Туристите кои сакат да го запознаат ова езеро кое има и 27 острови треба да пловат еден месец. Постои верување, ако сакате повторно да се вратите на Бајкалско Езеро, да заврзете крпа на едно од дрвата кои се наоѓаат над него.

Длабокото сибирско езеро кое е познато и како сибирското сино око, како магнет привлекува туристи од целиот свет, а Русите го сметаат за најголемо чудо на природата. Името му потекнува од татарскиот збор “баи-кул“ што значи богато со вода, јазик на народот Курикан, кои живееле на ова подрачје пред околу 1 300 години. Геолозите имаат интересна теорија за езерото, бидејќи сметаат дека Бајкал во минатото бил езеро, денес е “море“, а во иднина ќе биде океан.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зошто треба почесто да јадете моркови?

Angela

Дневен хороскоп за вторник, 24 август 2021 година

Angela

Откриени тајните сметки на Гвардиола со кои затајувал данок

Angela