EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

Бектеши најави враќање на евтината струја преку ден

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави можно враќање на евтината дневна тарифа на струјата од 1 јули.

Поаѓајќи од фактот дека државата ќе има вишок на електрична енергија што ќе ја произведе од мај до октомври годинава, тој најави дека оваа опција се разгледува во Регулаторната комисија.

– Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, каде пиковите главно се преку ден,- изјави министерот Бектеши.

Инаку, евтината дневна тарифа за граѓаните беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Пред нејзиното укинување, граѓаните можеа да користат евтина струја секој ден во периодот помеѓу 14 и 16 часот.

Во моментов, евтина струја за граѓаните има само во текот на ноќта, од 22 до 7 часот, секој ден, како и цел ден во недела.

Photo by Gaelle Marcel on Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ЌЕ СЕ ОНЕСВЕСТЕШЕ ОД ПОДАРОКОТ КОЈ И ГО ДАДОА ФАНОВИТЕ – Цеца излезе од вилата на Дедиње, а од глетката среде улица приредена за неа подзина (ФОТО)

Angela

Колку минути во просек се потребни за добар секс?

Angela

САНТИМЕТАР ЈА ДЕЛЕШЕ СВЕТОТ ДА И ГИ ВИДИ ГОЛИТЕ ГРАДИ – Хајди Клум ги стаписа фоторепортерите кои не знаеја попрво каде да сликаат (ФОТО)

Angela