EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Бен Афлек ја откри тајната на добриот изглед на Џенифер Лопез: Една работа никогаш не прескокнува

Најпознатиот пар на светот Џенифер Лопез и Бен Афлек наскоро ќе ја прослават првата годишнина од бракот. Светските ѕвезди не кријат колку се вљубени еден во друг, па затоа често во јавноста може да се видат како разменуваат нежности.

Актерот сега јавно го пофали изгледот на својата сопруга, нагласувајќи дека таа не се откажува од храната заради витката фигура.

-Ќе ви кажам нешто што ќе ве вознемири. Џенифер само јаде што сака. Буквално што сака. Јаде колачиња, сладолед, сè навистина, откри актерот во шоуто на Дру Баримор.

Сепак, има една работа која Џенифер не ја прескокнува, а тоа е редовното вежбање.

-Таа троши многу време на вежбање и има вистинска работна етика и дисциплина. Таа е најубавата жена на светот. Изгледа спектакуларно, изјави Бен.

Џенифер еднаш зборуваше за нејзиниот тренинг, како и за тоа на што се фокусира.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ова се трите најемотивни хороскопски знаци, дали сте меѓу нив?

Angela

Со какво мени до долговечност?

Angela

Личностите родени во овој хороскопски знак имаат добра душа и не се лицемерни

Angela