EXCLUSIVE MK
Љубов и интима НАСЛОВНА

Била на свадбата на поранешниот сопруг: Ние сме како брат и сестра, а кога ќе видите со кого пристигнала таму сѐ ќе ви стане јасно што и била намерата (ФОТО)

Кога ќе заврши врската или бракот, има и такви кои остануваат во добри односи, но ретко кој се спријателува со бившиот партнер. Дека е можно и тоа докажува приказната за Кејти Медис (33).

Таа и нејзиниот поранешен сопруг Еван биле во брак шест години пред да решат да го прекинат истиот и да е разведат во 2018 година.

Двајцата немале никаков контакт по разделбата, но кога на Кејти и било најлошо, нејзиниот поранешен сопруг и бил нејзин најголем поддржувач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie Mathis (@katiekatekatelynn)

Кејти и Еван повторно се „споиле“, но на пријателска база и сега тврдат дека се како брат и сестра.

Нивната нераскинлива „врска“ е таква што Кејти дури отишла на моминската вечер на неговата нова сопруга, а потоа и на свадбата.

– Мојот поранешен сопруг и неговата нова сопруга направија се за да се чувствувам почестена на нивната венчавка. Се спремав со невестата во соба и не ми беше чудно што ме поканија на свадба, но знам дека на многумина им беше чудно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Evan Mathis (@evanmathis69)

Кејти вели дека Еван е голем дел од нејзиниот живот и дека не му пречело што на свадбата дошла со нејзиното момче.

– Најдов прекрасен човек. Дури и на Денот на мајките се дружевме заедно. Јас и мојот поранешен сопруг не сме најдобри пријатели, повеќе сме како брат или сестра. Кога на некој од нас му е тешко, тука сме да се поддржуваме – заклучила оваа девојка.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Изнајмила Ламборџини, па исчезнала – сопственикот нуди награда од 25.000 евра

Angela

Нова студија открива дали можеме да се заразиме двапати со омикрон варијантата

Angela

Ова се трите најемотивни хороскопски знаци, дали сте меѓу нив?

Angela