EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Бијонсе започна светска турнеја: Обожавателите воодушевени, но многумина се загрижија поради ОВАА причина

Една од најголемите светски ѕвезди, позната по својот неверојатен глас, ненадминатите хитови и награди со кои собори бројни рекорди, Бијонсе вчера ја започна својата светска турнеја која ќе се состои од четириесетина настапи.

Бијонсе ги остави сите без здив синоќа со организацијата, костимите и нејзиниот настап. Пејачката е во четириесеттите години, но тоа не ја спречи да им приреди шоу за паметење на своите фанови, а социјалните мрежи беа преплавени со коментари дека нејзините години не можат ништо.

Сепак, има и загрижени обожаватели кои тврдат дека изостана енергичната изведба полна со танцови потези што ги очекуваа од Бијонсе. Некои забележале дека пејачката не ги изведува движењата по кои е позната. На социјалните мрежи се појавија гласини дека тоа е резултат на операција на стапалото на која пејачката беше подложена пред неколку месеци, што таа никогаш официјално не ја потврди.

„Бијонсе не мрда со стапалото, ногата сигурно не ѝ закрепнала“, „Бијонсе танцува со половина нога“, „Изгледа дека е крајно внимателна со стапалото (веројатно лекарски совет)“, беа само дел од коментарите по синоќешниот настап на пејачката во Стокхолм.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Душко Тошиќ: Мизерен е оној кој треба да понижи некого за да се издигне

Angela

Сеизмолозите со детали: Регистрирани се серија земјотреси на границата со Албанија

Angela

МЗ: Зголемен интересот за вакцинација, вчера се аплицирани 16.955 вакцини

Angela