EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

„Бомба“ од Франција: Се разведува еден од најпознатите парови во фудбалскиот свет

Изминатиот период донесе крај на многу врски или бракови на познатите фудбалери. Последната за која се пишува е онаа на Серхио Рамос, кој со години е заедно со Пилар Рубио, но медиумите во Шпанија велат дека и таа е завршена.

Рамос и Пилар важат за еден од најпознатиот пар во фудбалот во Шпанија. Врската ја потврдија во 2012 година на церемонијата на Златната топка, а се венчаа во 2019 година и заедно имаат четири деца.

Меѓутоа, од Шпанија велат дека кризата е влезена во бракот. Шпекулациите дека нешто не е во ред меѓу нив двајца започнаа уште лани, а сега дека нешто не е во ред може да се види и по фотографиите на социјалните медиуми.

Неодамна, Пилар го прослави својот роденден, а на фотографиите беа сите освен Серхио Рамос. Наводно, проблемот меѓу нив е семејството на Шпанката кое не е во најдобри односи со играчот.

Засега ниту Рамос ниту Пилар се немаат огласено за написите во шпанските медиуми.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кои половни авомобили најмалку губат на вредност?

Angela

Четири основни хормони за среќа: Еве како да ги „предизвикате“

Angela

Кралот Чарлс во тајност ја исполнил последната желба на кралицата Елизабета, принцот Хари збеснал

Angela