EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Ракомет СПОРТ

Борко по триумфот на Вардар над Пелистер: Тоа е таа екипа!

Тимот на Вардар избори убедлива победа над Еурофарм Пелистер од 31-24 во рамките на 5. коло во Суперлигата со што направи значаен исчекор кон одбрана на пехарот.

„Црвено-црните“ беа подобри во двете полувремиња на средбата во СЦ „Јане Сандански“ и заслужено дојдоа до триумф со кој сега имаа перфектни пет од пет во шампионатот.

Ваквиот резултат донесе голема среќа, задоволство во таборот на скопскиот тим кој со победничко селфи го одбележа овој момент.

-Тоа е таа екипа !!! ЕКИПИШТЕ, -порача голманот Борко Ристовски на социјалните мрежи.

Успехот на црвено-црните од Загреб го поздрави и поранешниот член на Вардар, Тимур Дибиров, со своја објава на Инстаграм.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Која храна не треба да ја замрзнувате?

Angela

Научен симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“

Angela

Во Јапонија се отвора забавниот парк „Светот на Супер-Нинтендо“

Angela