EXCLUSIVE MK
Компјутери

Борче Стаменов преку фб „Донирај компјутер“ донирал околу 800 компјутери

Пандемијата доби многу херои, а еден од нив е Борче Стаменов од Кавадарци кој на многу деца им овозможи да не заостануваат во образованието. Вели мотивот е едноставен, среќата на децата му дава најмногу елан да продолжи со хуманата дејност.

-Најмногу ме допре едно видео за три или четири компјутери кои што ги пративме во една порурална средина, имаа снимено песничка за донирај компјутер и кога заврши песничката така цело одделение свртени кон камерата, мафтаат, благодариме чичко компјутер.Едно од поубавите чувства е кога на хуманост ќе се возврати со хуманост, а таква случка имал Стаменов со семејство од Битола која вели ќе ја помни до крајот на животот, вели Борче Стаменов.

Семејство од Битола кое што прими донација од кај нас и после 5-6 месеци ми се јави за да ја вратат, мислев компјутерот се расипал, за да го поправам, но испадна дека добиле компјутер подарок од некој нивни роднина, па пораката беше, еве нас ни прати среќа, сега испрати го на друго место.

Стаменов вели Фејсбук страната Донирај Компјутер допринисе да се овозможи уред на многу повеќе семејства, каде што пристигнуваат делови и компјутери, па тој како вработен ИТ техничар најголемиот дел од своето време го користи токму за составање на истите. Следен чекор е формирање здружение кое што ќе има за цел да донира и други работи потребни на позагрозените семејства.

Поради пандемијата, поголемиот дел од децата се приморани да следат настава од дома за да се заштитат од коронавирусот, но илјадници деца немаат пристап до потребните дигитални уреди. Борче Стаменов хуман човек кој што помага оваа бројка да се намали. Тој апелира до сите граѓани и компании, ако имаат било што би помогнало да се предизвика насмевка и да се обезбеди компјутер на некое дете, да го исконтактираат.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Совети за подобро здравје на оние кои работат од дома

Angela

Microsoft Edge стана попопуларен од Mozilla Firefox

nenad

Верувале или не: Сака да се венча со неговиот компјутер

Angela