Валтери Ботас е уште еден од поискусните Формула 1 возачи кои отворено зборуваат за најсериозниот проблем на возачите оваа сезона.
Се работи за потскокнувањето на болидите кое е последица на специфичниот дизајн на болидите, а кое носи сериозни последици по Ф1 пилотите и кое е посебно истакнато во болидите на Мерцедес.
– Можев да се уверам во каква состојба се дел од возачите по последните трки.
– Мислам дека ова е важна тема и ситуацијата веќе станува сериозна.
– Почнавме да гледаме повреди кај возачите само од возењето на болидите, а такво нешто не би требало да се случува. Зборувавме со ФИА и побаравме да се размислува за солуции и можност за подобрување на позицијата на возачите, – изјавил Ботас.
Седумкратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон едвај одеше по крајот на трката во Баку, но демантираше дека поради болките во грбот ќе го пропушти гран-при викендот во Канада.