EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Останато СПОРТ

Ботас најдобар во Турција, но Ферстапен го престигна Хамилтон во генералниот пласман

Валтери Ботас триумфираше на трката за Големата награда на Турција во Формула 1 шампионатот, а нов лидер во генералниот пласман е Макс Ферстапен.

Финскиот возач во болидот на Мерцедес стигна до својата прва сезонска победа откако стартуваше од првото место. Зад него финишираа двајцата возачи на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез. Четврти беше Шарл Леклер, додека петтото место му припадна на актуелниот шампион Луис Хамилтон.

Британецот вчера беше најбрз во квалификациите, но стартуваше од 11-тото место поради промени на неговиот мотор. Брзо се проби кон водечките возачи, но неговите шанси за подиум ги уништи лошата тимска тактика. Во поени влегоа и Пјер Гасли, Ландо Норис, Карлос Сајнц, Ленс Строл и Естебан Окон.

Со денешното второ место Ферстапен го презема првото место во генералниот пласман со 262,5 бода, додека Хамилтон сега е втор со шест бодови помалку. Ботас е трет со 177, а Норис е четврти со 145 бодови.

Со денешното гран при завршија и европските трки, па Формула 1 за две недели ќе се пресели во САД. До крајот на сезоната има уште вкупно шест трки.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Затвореникот по кого полудеа жените имал тешко детство, ова се траумите кои морал да ги преживува секој ден

Angela

Старлетата го промени личниот опис: Ива Гргуриќ повеќе не ја препознава ниту сопствената мајка, особено силиконите ги зголеми двојно (ФОТО)

Angela

Обетки од 12 евра и фустан во стилот на Дајана: Кејт Мидлтон воодушеви со нејзиното ново појавување!

Angela