EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Братот на Немања Гудељ колабирал на фудбалскиот терен во Кордоба

Спортските медиуми пренесоа дека натпреварот меѓу Кордоба и Расинг Ферол од шпанската трета лига бил прекинат поради колабирањето на фудбалер на домашен играч.

Станува збор за Драгиша Гудељ, помладиот брат на српскиот репрезентативец Немања, во тоа време беше дел од составот на Драган Стојковиќ Пикси за дуелот со Литванија. Според информациите кои беа лиферувани во јавноста, Гудељ останал без свест во 11. минута, а по првичната лекарска помош, итно е пренесен во болница.

Српскиот интернационалец бил во стабилна состојба, брзо бил освестен и првично одбивал да влезе во амбулантното возило, но разбрал дека мора итно да биде пренесен во болница.Драгиша бил сместен на интензивна нега и се наоѓа под постојан мониторинг од лекарите, кои утврдиле дека дошло до мал застој на срцето за време на средбата од третата шпанска лига.

– Играчот е стабилен, доживеа кардио-респираторен застој и поради тоа ќе остане хоспитализиран во болница. Кога го напушти теренот веќе беше свесен и сакаше да го доигра мечот. Тој е стабилен и во наредните неколку часа ќе му се прават дополнителни тестови. Се надеваме дека ќе закрепне најбрзо што може, – изјави менаџерот на Кордоба.

По цела ноќ мината под опсервација, Драгиша е стабилизиран и веќе застанал на свои нозе во болницата, па по објавената слика од Кордоба, со емотивна порака се јави и српскиот репрезентативец Немања Гудељ, кој им се заблагодари на лекарите кои го спасија животот на неговиот брат со порака преку „Инстаграм“.

– Сакам да искажам искрена благодарност од себе и моето семејство, за укажаната поддршка и грижата за здравствената состојба на Драги. Животот на мојот брат продолжува да чука, благодарение на непосредната интервенција на медицинските служби на Кордоба, со посебна напомена на лекарите Хозе Мигел Бретонес, Антонио Ескрибано и Мартин Луна, физиолозите Алекс Руеда и Фран Плаза, како и д-р Вероника Арохо и кардиологот Хозе Марија Сегура, без да се заборави третманот што го доби секој од сите здравствените работници во болницата „Кралица Софија“ во Кордоба. И покрај тешката ситуација, ја почувствувавме вашата поддршка и добрина, гестови кои никогаш нема да ги заборавиме. И на крај, благодарност до бело-зелените фанови, за секоја песна на охрабрување и што ја прави љубовта од Драги кон вас уште поголема. Вистинскиот воин е веќе на нозе. Затоа што велат дека воинот никогаш не се откажува, – гласи пораката на Немања.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Досега се регистрирани 4.155 заразени деца од ковид до 9 години

Angela

Мирисот на ВЛАГА во станот може ЛЕСНО да се реши: Ова се три методи кои можете да ги примените ВЕДНАШ

Angela

Пет тајни од љубовната врска кои не смеете да им ги откриете на другите

Angela