EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

Братот на сопственикот на ПСЖ ги вжешти социјалните мрежи со објавата за Меси

Јавна тајна беше дека ПСЖ е најсериозен кандидат да го приграби Лионел Меси, кој ја заврши својата дводецениска ера во Барселона, а информациите за конкретни преговори станаа актуелни во текот на денешниот ден.

Вечерва вниманието кон себе го сврте Калифа Бин Хамад Ал Тани, братот на Емирот на Катар, кој пак е сопственик на ПСЖ, објавувајќи интересни твитови поврзани со иднината на Меси.

– Преговорите се официјално завршени. Конкретни информации нешто подоцна, – напиша Ал Тани, за подоцна да објави нов твит со фотографија на Меси и Серхио Рамос.

– Градот на светлината  – 8 трофеи во Лигата на шампионите, алудирајќи на успесите на двоецот кој досега настапуваше за најголемите ривали во Шпанија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Обвинение за полов напад врз дете во Градско

Angela

Зголемени трошоците во градежништвото за нови станбени објекти

Angela

ТАНГА И ПОГЛЕД ОД МИЛИОН ДОЛАРИ – Георгина Родригез го засени Роналдо истакнувајќи го голиот задник среде јахта (ФОТО)

Angela