EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Брз и лесен летен рецепт за „паста ала зука“, фората е во тиквичките

За разлика од зимата, летото ни нуди палета на свежи производи со кои можеме да го направиме нашето јадење поинтересно и поздраво.

Тиквичките се храна со низок гликемиски индекс, поради што се добри за комбинација со друга храна, особено онаа што содржи јаглени хидрати и има висок гликемсики индекс, како што се тестенините.

Дополнително, за време на летните горешнтини, никој не сака да минува многу време во кујната, па затоа ви предлагаме да ги испробате следниот рецепт за „pasta a la zucca“. Како што ќе ви каже секој шеф, тестенините се приготвуваат во различни сосеви, па така и во случајов тиквичките служат за да му дадат шмек на ручекот, а тоа ќе биде успешна мисија само ако од нив направите доволно мека смеса, што ќе претставува соодветен сос.

Во следниот рецепт заради инсистирање на поинаквата арома, тиквичките се сечат на тркалца и се пржат во фритеза, а откако ќе минат цела ноќ во фрижидер, потоа се ставаат во сад да се издинстаат! Можете да бидете слободни по ова прашање и да постапите онака како што вам повеќе ви се допаѓа, односно да го приспособите на вашиот вкус. Главната фора е тиквичките да не пуштаат вода понатака во готвењето, што би значело дека ако ги подготвувате на друг начин треба да бидете свесни за тој момент.

При динстањето, морате да додадете малку вода, а при крајот и рендано сирење или кашкавал, околу 100 грама.

Како тестенини во овој рецепт се користени шпагети, кои се подготвени според упатството од производителот. Обарените шпагети се додаваат во сосот од тиквички, кој претходно е зачинет со сол, бибер и босилек. Откако за неколку минути ќе добиете соединета смеса, додавате пармезан по вкус, а во рецептот се препорачуваат три супени лажици (околу 50 грама). Добар апетит!

Состојки:

200 грама шпагети
6 средни тиквички
100 грама кашкавал
сол, бибер, босилек
3 лажици пармезан
сецкан магдонос за декорација

Подготовка:

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Речиси 50 илјади луѓе загинале во турскиот земјотрес

Angela

Плутон во Водолија: Огромни трансформации и испишување на нови правила

Angela

Хороскопски знаци кои се најлоши во флертување

Angela