EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Брз ручек за цело семејство

Вака подготвените макарони одлично се вклопуваат со некој вид на салата.
Овојпат ќе ви го претставиме овој едноставен рецепт за макарони со сос од тиквички.

Состојки:
– 200 грама кромид;
– околу 700-800 грама тиквички;
– 1 чешне лук;
– 1 домат;
– 500 милилитри павлака за готвење;
– на врвот од лажичката кари;
– на врвот од лажичката оригано;
– сол и бибер по вкус;
– 4 лажици масло за јадење;
– 600 грама тестенини;
– магдонос;
– пармезан или кашкавал;
– босилек.

Подготовка:
Издинстајте го кромидот на масло за јадење, додадете го доматот и крчкајте. Потоа додадете го исечканиот лук, кратко продинстајте и додадете ги изренданите тиквички.

Зачинете и варете сè додека течноста не испари. Потоа додадете неутрална павлака и уште неколку минути оставете сето убаво да крчка.

Измешајте ја смесата со сварените макарони, па сервирајте во чинија.
По желба додадете кашкавал или пармезан, босилек или магдонос.
Ова јадење може да го подготвите и со пилешко месо, а истото да го запечете во рерна.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сека Алексиќ како сирена: Ги истакна облините по тешката битка за слабеење (ФОТО)

Angela

ФОТО: Само таа знае како: Меланија Трамп со уште еден моден погодок

Angela

Поранешниот батлер на Чарлс проговори за новиот дрес код за крунисувањето: Една работа особено ќе биде променета од крунисувањето на кралицата Елизабета!

Angela