EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Британски проект ќе придонесе за следење на резултатите од работата на јавните обвинителства

Транспареност и отчетност се потребни за да се задоволат очекувањата на јавноста за ефикасна работа на јавното обвинителство.

Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, презентираше алатката во изработка, која ќе служи за мерење на перформансите на јавните обвинителства.

Таа е во рамките на проектот „Развој и воведување алатка за следење на перформансите на јавнообвинителскиот систем во Република Северна Македонија“, финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на британската амбасада во Скопје, а треба да овозможи подобрено следење на ефикасноста.

Според претседателот на советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, оваа алатка ќе помогне за увид каде имаме проблем со кадри, да се види обемот на работа на јавните обвинители, а со тоа да се подобри и перцепцијата на граѓаните за нивната работа.

Министерот за правда, Кренар Лога, потсети дека од 1 јануари во сила е задолжителната примена на системот за електронска евиденција на предметите во Јавното обвинителство, кој треба да овозможи непрекинат проток на податоци и информации во врска со постапувањето на јавните обвинителства.

– Без видливост на работата и постигнатите резултати, без мерливи и квалитетни споредбени податоци, кои се собираат и обработуваат, исто како во земјите членки на Советот на Европа и Европската Унија, правдата ќе остане слепа и нема, а граѓаните нема да ја добијат уставно загарантираната заштита,- порача Лога.

Photo by Tingey Injury Law Firm on Unsplash

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денеска е главниот празник посветен на Јован Крстител

Angela

Се огласи семејството на починатиот Саша Видиќ: Еве што е напишано на неговиот некролог

Angela

Цеца ја откри Богдана – ја фотографираше додека се возеа во автомобилот, па сите видоа каква трудница е нејзината снаа со „стомак до заби“ (ФОТО)

Angela