EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

Бројот 88 забранет на фудбалските дресови во Италија: Причината добро позната на цела Европа!

Како дел од иницијативата за борба против антисемитизмот, на фудбалерите во Италија во иднина ќе им биде забрането да го носат бројот 88 на своите дресови, објавија денеска италијанските фудбалски власти.

Бројот 88 во нацистичката идеологија го симболизира поздравот „Хајл Хитлер“.

Иницијативата, која ја координираат италијанската Влада и националната фудбалска Федерација, повикува, меѓу другото, фудбалските натпревари да бидат прекинати во случај на антисемитски скандирања.

Во март годинава навивач кој носеше дрес на римски Лацио со натпис „Хитлерсон“ и бројот 88 доживотна забрана да присуствува на натпревари на овој прволигаш.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси рече дека овие чекори се „соодветен и ефикасен одговор на неподносливите предрасуди кои пречесто се појавуваат на италијанските стадиони“.

„Кредибилитетот на фудбалот, кој е повреден и оштетен од дискриминаторското однесување, има директна рефлексија врз италијанското општество“, порача првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп за понеделник, 18.10.2021

Angela

Сопругата на Слоба Радановиќ нападната од поранешниот сопруг, еве низ каков пекол поминала три месеци по породувањето

Angela

Причини зошто треба секој ден да јадете по една банана

Angela