EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Светот на познатите Шоу биз

Брус Спрингстин поради лекување ја откажува турнејата

Ветеранот на рок-сцената Брус Спрингстин објави дека на неодредено време одложува осум настапи во рамките на овомесечната турнеја со својот E Street Band поради проблеми со здравјето.

Седумдесет итригодишниот Спрингстин се лекува од чир на желудникот. Дополнително ќе ги одржи откажаните настапу, почнувајќи од концертот закажан за четвртокот во „JMA Wireless Dome“ во Сиракјуз во државата Њујорк и неодржаниот настап во Филаделфија пред неколку седмици.

„Дополнително ќе ги одржиме тие концерти, а потоа уште некои. Ви благодарам на разбирањето и поддршката“, им соопшти кантавторот во пораката која ја објави на својот профил на платформата Х.

Сопствениците на влезниците за одложените концерти се известени дека ќе добијат информации за одложените термини.

Одложени се настапите закажани за 9. септември во Балтимор, 12. и 14. септември во Питсбург, 16. септември во Ункасвил во Конектикат и 19. септември во Олбани во Њујорк.

Организаторите на северноамериканската турнеја на Спрингстин, која започна минатиот месец и требаше да трае до средината на декември, рекоа дека музичката ѕвезда добитник на Греми „лекува симптоми на пептичен улкус и дека неговите лекари одлучиле да го одложат остатокот од неговите септемвриски емисии“.

Пептичен улкус или чир на желудникот е раничка на слузницата на желудникот и на горниот дел од тенкото црево, а најчест симптом е стомачната болка, велат од клиниката Мајо.

Спрингстин, роден во Њу Џерси, кој го доби прекарот „Бос“ во раните години од неговата кариера во 1970-тите, влезе во Рокенрол куќата на славните во 1999 година и во 2022 година го издаде својот 21. студиски албум „Only the Strong Survive“, колекција на обработки на класична R&B и соул музика.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ШАКИРА СЕ СЕЛИ ОД БАРСЕЛОНА – овие зборови на родителите на Пике кон пејачката биле пресудни, фановите се прашуваат зошто полицијата се уште не реагира!

Angela

Чарлс го понижи помалиот син: Хари го возврати ударот пред целиот свет – еве што се случи по крунисувањето

Angela

Храна која ја стимулира желбата за интимност во спалната

Angela