EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

БУГАРСКИТЕ ПАСОШИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ НЕ СЕ ПРОБЛЕМ ЗА ЕУ

Издавањето бугарски пасоши на граѓаните од Северна Македонија е внатрешна работа и Европската Комисија нема да се меша во однос на ова прашање, одговорија за МИА од службата за односи со јавноста на Европската Комисија.

Оттаму посочуваат дека издавањето бугарски пасоши е билатерално прашање и позицијата на Европската Комисија во однос на ваквата практика смета дека ниедна земја членка не смее да се меша во внатрешната политика на други земји, членки на ЕУ или не.

-Натурализациите за кои прашувате не се поврзани за доделување државјанство преку инвеститорски шеми, така што како што рековме и претходно ова е билатерално прашање, изјавија од портпаролската служба на Европската Комисија на прашањето на МИА.

Инаку, како што стои во одговорот за МИА, земјите членки на ЕУ, имаат свои внатрешни правила за доделување државјанство на граѓани од трети земји доколку тие исполнуваат одредени услови на интеграција и можат да докажат автентична врска со земјата во која добиле државјанство.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се преврте автобус со патници кај Битола

Angela

КОЧАНИ: „Ќе изгори градот, има ли некој во оваа држава“ (ВИДЕО)

Angela

Се ближи ли крајот на рачните менувачи?

Angela