Долгогодишниот голман на Јувентус и италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Џиџи Буфон, претставува вистинска икона во светот на професионалниот спорт, со респектабилна кариера која му овозможува статус на „жива легенда“.
Тој и сезонава е дел од тимот на Парма, со која настапува во Серија Б. Во последното интервју за „Бобо ТВ“ (подкаст на Кристијано Виери), зборувал за својата кариера, како и за актуелни теми на италијанската фудбалска сцена.
– ПСЖ беше најдобро искуство во мојата кариера, напуштањето на Париз е најголема грешка во мојата кариера.
– Се откажав од 10 милиони евра, клубот сакаше Ареола да биде прв голман, а јас не можев да го прифатам тоа.
– Децата се уште ме прашуваат зошто сме си отишле од Париз, а јас таму се чувствував како слободен човек, посетував музеи, зборував француски… Нивото кое го има достигнато ПСЖ го нема на друго место, но ми недостасуваше карактерот на Јувентус, – истакнал Буфон.
Фото: twitter.com/ParmaCalcio_en