EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Вака изгледа мајката на Милош Биковиќ: Таа е негова најголема поддршка, а еве што доби од првиот голем хонорар на актерот

Милош Биковиќ е еден од омилените српски актери.

Покрај актерството, големо медиумско внимание привлекува и неговиот приватен живот, а најголема поддршка во животот има од мајка му Марија.

Познато е дека има брат Александар, кој се замонашил пред 11 години, а по смртта на таткото на Милош во 2006 година, најголемиот товар во семејството паднал на мајка му во најчувствителниот период од воспитувањето на актерот.

Храбрата и снаодлива мајка Марија, како што еднаш Милош ја опиша својата мајка, е најзаслужна за она што тој е денес.

-Мојот успех за неа не е многу важен. Веруваше дека ќе станам актер, но не ме охрабруваше премногу. Кога мојата кариера почна да полетува, таа ме поддржа, изјави одамна Биковиќ и откри што прво и купил на мајка си кога го добил првиот голем хонорар.

-За неа купив стан во Белград, а пред тоа и донесов крзнено капче од Русија, кое многу и се допадна. Подароците не и се толку важни. Пораснав во Карабурма и често се селевме бидејќи немавме сопствен стан. Моето семејство порано беше многу богато, а по Втората светска војна изгубивме се. Тато беше директор на голема австриска компанија и заработуваше многу пари, но јас не почувствував толку лесен живот. Мојот брат да, рекол актерот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Работи што секој маж ги посакува во бракот

Angela

АМИЏИЌ ЗАЉУБЕН ПО РАЗВОДОТ: Оваа убавица е новата девојка на водителот (ФОТО)

Angela

Кој е Ервин Бах, најголемата љубов на Тина Тарнер: Се вљубиле на прв поглед, а тој ѝ го врати животот! (ФОТО)

Angela