EXCLUSIVE MK
Занимливости Компјутери

Верувале или не: Сака да се венча со неговиот компјутер

Марк Севиер од Флорида, прво го тужеше произведувачот на компјутер, затоа што му продал уред, поради кој станал зависник од порнографија, но сега во тој компјутер се вљубил, па бракот се наметна како логичен следен чекор.

Сега тој бара од државата да му дозволи да се венча со истиот тој порно компјутер.

Фластите во Флорида одлучуваат дали ќе дозволат склучување на истополови бракови склучени во други држави, а расправата ја искористи Севиер, кој поднесе барање за женење со компјутерот, тврдејќи дека и тој претставува сексуално малцинство.

– Ако геј луѓето имаат право на склопување бракови, иако им недостасуваат соодветни делови од телото, тогаш и јас би требало да имам право да се оженам со мојот омилен сексуален објект, ги објасни неговите барања.

Во барањето на 24 страници детално се опишува врската со неговиот компјутер.

– Со текот на времето почнав да претпочитам секс со мојот компјутер наместо секс со вистинска жена. Секако, во компјутерост се вљубив и тој доби предност во сексот над сите други работи или лица, напиша меѓу другото.

Неговите обиди да се венча со неговиот МекБук засега не наидува на одобрување од властите.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зошто треба веднаш да престанете да користите пластична фолија?

Angela

Нумерологија: Што значи ако често гледате серија на броеви 333

Angela

ДАЛИ ГО МЕСТИТЕ СВОЈОТ КРЕВЕТ НАУТРО? Еве што кажува тоа за вашата личност

Angela