EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

Видеото што налути многумина: Младоженецот испраќа пораки на мобилен додека излегува од црквата со невестата

На социјалните мрежи се прошири снимка од младоженецот како зјапа во телефонот или му испраќа порака на некого веднаш по венчавката, додека тој и неговата невеста се уште ја напуштаат црквата.

Како што можете да видите на видеото, новопечениот пар ја напушта црквата. Невестата ги пречекува гостите сите насмеани, а за рака го држи младоженецот кој е поважен со нешто на мобилниот телефон, пишува NY Post .

Видеото, кое беше споделено на TikTok, а потоа избришано од профилот што првично го објави, подоцна заврши на Твитер каде што собра десетици милиони прегледи. Коментаторите на социјалните мрежи пишуваат претпоставки што прави младоженецот, но и каков ќе биде нивниот брак.

„Овој брак брзо ќе заврши“, предвидува твитерџија, на чиј профил е повторно објавеното видео што собра повеќе од 40,8 милиони прегледи.

„Ова е лудо… непочитување и вознемирувачко. Сосема непотребно“, напиша друг запрепастен гледач под виралното видео.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Во календарот имаме една грешка, сте ја забележале ли до сега?

Angela

Променливо облачно и потопло време

Angela

ОВИЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ НЕ СЕ ПОДНЕСУВААТ МЕЃУ СЕБЕ: Дали се согласувате?

Angela