EXCLUSIVE MK
Кошарка НАСЛОВНА СПОРТ

ВИДЕО: Вориорси со моќен втор дел ја израмни финалната серија со Бостон

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја израмнија серијата со Бостон Селтикс, откако славеше со 107-88. Пресметката во „Чејс Центарот“ имаше две различни полувремиња. Првото беше целосно изедначено, додека домашните со висок ритам стигнаа до победата во продолжението.

  • Извештај од натпреварот:

Селтикси отворија добро, поведоа во првата четвртина и изгледаа добро на паркетот. Голден Стејт не дозволи гостинот да се одлепи, се вратија во игра и до полувремето се играше кош за кош. Во изедначена игра со многу промени на предноста, домашните кошаркари заминаа на пауза со минимални 52-50.

Веќе по полувремето, Вориорси изгледаа како сосема друга екипа. Се „распукаа“ Стеф Кари и Џордан Пул, па предноста бргу стана двоцифрена. До крајот на третата четвртина Бостон беше инфериорен и му дозволи на противникот да побегне резултатски. Голден Стејт го доби третиот период со огромни 35-14 и направи исчекор кон победата. На стартот на четвртата четвртина домаќинот поведе и со највисоките +29, а иако Селтикси „стопија“ дел од негатаивата, немаа сили за чудо.

Стеф Кари беше најдобар играч на паркетот со 29 поени, пред Џејсон Тејтум со 28.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Отворање на Параолимписките игри во Токио

Angela

Се поразгорен е пожарот над Пехчево

Angela

Инфлуенсерот Тејт обвинет за силување, трговија со луѓе и формирање група за експлоатација на жени

Angela