EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

ВИДЕО: Една недела куче го чекало сопственикот пред болницата

Куче по име Бончук една недела чекало пред болницата во Турција додека неговиот сопственик бил на лечење поради мозочни проблеми. Бончук за својата верност била наградена со емотивна средба со сопственикот Кемал Сентурк, кога конечно излегол од болница во градот Трабзон на североистокот на Турција, пренесува “Sputnik”.

Сентурк бил префрлен во болница на 14-ти јануари поради емболија на мозокот, а Бончук го следела возилото на итната помош. Од тогаш секој ден се враќала и чекала пред болницата, а персоналот некогаш ја хранел. Кога Сентурк оваа недела конечно излегол од болница, Бончук трчала околу неговата инвалидска количка, скокала за да ја погали и мавтала со опашката.

“Човек поради тоа се чувствува многу среќно. Тоа куче ни е многу блиско, како човечко суштество е и многу сум среќен поради тоа”, рекол Сентурк.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Лукијан е дома: Таско и сопругата во стајлинг со иста боја го земаа синот од болница (ФОТО)

Angela

СИМПСОНОВИ ПАК ЈА ПРЕДВИДОА ХАВАРИЈАТА? Еве ја епизодата каде Хомер вози подморница и посетува еден стар брод (ВИДЕО)

Angela

Со какво мени до долговечност?

Angela