Мелиа Гуера е корисничка на Тикток која раскинувањето на свршувачката пред 4 г., го сфатила како трауматично искуство, но по периодот на очајување, сфатила дека тоа ѝ е најголем поттик да ослабе.
Оваа девојка ја објави својата неверојатна трансформација, со оглед што од 99 килограми успеала да дојде до 59 кг, преку две видеоснимки.
Во следните кадри ја гледаме Мелиа која насекаде се појавува насмеана и во припиена облека, но и со очигледен вишок килограми. Таа истакнува дека токму раскинувањето ја натерало да одлучи да го земе животот во свои раце. Така, по раскинувањето, таа отсутно гледа во една точка, но веќе во следните кадри е во теретана и вежба со тегови. Гуера гордо истакнува дека 4 години подоцна нејзиниот вереник ја молел да се смират, но таа не сакала ни да чуе за тоа.
Еве како Гуера успеала да изгуби 40 килограми.
@melbad11 218 at my heaviest now at 130 ✨ #foryoupage #fyp #10MillionAdoptions #weightloss #fitness ♬ fergalicous x pony by altegomusic – ALTÉGO
– Тоа е процес во мојот случај траеше 4 години, не ослабев веднаш. Почнав со строга диета каде внесував само 1.200 – 1.500 калории дневно. Може да се каже дека ја преполовив количината на храна. Следуваа интензивни тренинзи за сила. Не одеше лесно, се случуваше да ослабам, па пак да се здебелам, повеќе пати се обесхрабрував, но на подолг рок се исплатеше. Кога ја достигнав посакуваната тежина, морав само да ја одржувам – објаснила таа, а пренесува „Сан“.
@melbad11 60 pounds down and my journey continues ✨ #fypシ #JetPuffedSmourth #MakingTheCut #TeamofTomorrow #foryoupage #viral ♬ original sound – MELIA G