Финска со години се прогласува за најсреќна земја во светот. Треба да знаете и дека жителите на Финска го сметаат Тампере за најсреќно место во самата држава. Ова е градот во кој Финците најчесто сакаат да живеат.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Во Тампере може да се види природа во центарот на градот. Овој град се наоѓа на околу 180 километри северно од Хелсинки и е сместен на копнен мост помеѓу две езера.
View this post on Instagram
Во текот на летото жителите уживаат во недопрените плажи кои се на неколку минути возење од градот, а во текот на зимата тие скијаат во шумите околу градот. Во градот се наоѓа и најголемиот покриен пазар во нордиските земји, каде што може да се најдат висококвалитетни локални производи.
View this post on Instagram
Градот бил прогласен за светска престолнина на сауните во 2018 година. Во него има вкупно 34 сауни.
View this post on Instagram
View this post on Instagram