Лејди Гага објави видео на ТикТок со кое ги загрижи фановите и предизвика бројни реакции.
Имено, таа ги рекламираше своите козметички производи Haus Labs. Многумина коментираа дека воопшто не ја препознаваат и дека не им е јасно што направила со својот изглед.
„Ова е таа? Се повеќе личи на Мајли Сајрус“, „Што и се случи?“, „Претерано го користи Оземпик“, се дел од коментарите.
Оземпик е лек наменет за луѓе со дијабетес тип 2 и се користи за подобрување на контролата на шеќерот во крвта. Сепак, сè поголем број познати личности го користат за да ослабат во најкус можен рок.
@ladygaga These NEUTRALS are HOT LIKE THIS RECORD @HausLabs ♬ Princess Diana – Ice Spice & Nicki Minaj
Некои обожаватели на Лејди Гага сметаат дека таа ослабела многу поради улогата на Харли Квин во филмот „Joker 2: Folie a Deux“, чија премиера ќе биде во октомври следната година.