EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

(ВИДЕО) Ова е тинејџерот кој исчезнал по скокот од брод на Бахамите: Луѓето тврдат дека на снимката во водата гледаат ајкула

Тинејџер скокнал од бродот минатата средата, а потрагата по него била сопрена во петокот.

Во водата, во која момчето од Луизијана скокнало поради предизвик, се видела сенка која предизвикала шпекулации дека тинејџерот се обидел да побегне од ајкула.

18-годишниот Камерон Робинс скокнал од бродот во текот на прославата на матурата на Бахамите минатата среда. Потрагата по него била сопрена по два дена, пренесува „Daily Mail“.

На снимката се гледа како Робинс плива во водата додека му е фрлен појас за спасување, а пријателите од класот му велат да го фати. Но, изгледа дека тинејџерот е фокусиран на сенката која се појавува во водата и веднаш почнува да плива. Некои тврдат дека тоа објаснува зошто плива подалеку од појасот за спасување.

Комодорот на одбранбените сили на Кралски Бахами (РБДФ) Рејмонд Кинг потврдил дека областа во која Робинс скокнал во морето е навистина преполна со ајкули.

„Видеото не лаже, го нападнала ајкула и го повлекла со себе“, напишал еден корисник на социјалните мрежи.

Сведоците тврделе дека Робинс одговарал на предизвик кога скокнал од бродот, неколку дена откако матурирал во средно училиште.

Откако скокнал, бродот и екипажот се обиделе да го лоцираат заедно со другите агенции, вклучувајќи ја и американската крајбрежна стража.

Неговото семејство потврдило дека потрагата е сопрена во петокот и дека тие се враќаат дома, додека и натаму не знаат што е со нивниот син.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ГОРИВА НЕДЕЛАВА ЌЕ СЕ ТОЧАТ ПОЕВТИНО: Ова се новите цени

Angela

Навала за Грчка: На „Богородица“ за излез се чека околу еден час

Angela

МВР – 138 сообраќајни прекршоци во Скопје

Angela