„Codemasters“ и „Electronic Arts“ официјално ја најавија „F1 22“, најновата игра од „F1“ серијалот.
Играта „F1 22“ ќе биде објавена за „PC“, „Xbox One“, „Xbox Series X / S“, „PlayStation 4“ и „PlayStation 5“ платформите, а за сите подржани системи ќе биде достапна од 1 јули.
Продолжението ќе ја опфати најновата сезона во Формула 1, земајќи ги во предвид промените во правилата во рамките на сезоната, ќе ги претстави најновите возила и новите патеки.
„F1 22“ ќе биде првата „F1“ игра која ќе ја користи новата патека „Maimi International Autodrome“. Исто така, тоа ќе биде првата игра во серијата „F1“ со поддршка за „VR“ на компјутерите.