EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ НАСЛОВНА Убавина

Вистина или само верување: Дали природната козметика е навистина здрава?

Дали „природното“ нужно значи здраво, кога станува збор за козметиката?

Во секоја козметика, без разлика дали е природна или не, има добри и лоши состојки, како и оние што се забранети и дозволени.

Експертите предупредуваат дека козметичките производи може да се прогласат за природни доколку содржат само две природни состојки. Затоа, иако на пакувањето пишува „природно“, препорачливо е детално да го прочитате составот на одреден козметички производ.

Се што ставаме на лицето содржи барем нешто што не е природно, но тоа не мора да значи дека составот е лош.

Постојат хемикалии кои се лоши за нашето здравје, но се помалку се наоѓаат во нашата козметика. Една таква состојка на забранетата листа е оловото, кое често е присутно во лаковите за нокти и кармините.

Но, ако станува збор за пропишаната количина дефинирана со Правилникот за здравствена безбедност на стоките за широка потрошувачка, тие мали количини не можат да наштетат.

Сам по себе, овој метал не е отровен, но неговите пареи или оловна прашина се токсични. Кога влегува во телото, оловото останува таму и се населува, што може да го оштети човечкото тело се повеќе.

За разлика од оловото, високите концентрации на одредени хемикалии не се секогаш лоши. На пример, хијалуронска киселина, која се наоѓа во меките сврзни ткива, во течноста што ги опкружува очите и ‘рскавицата, може да се внесе во поголеми количини, бидејќи ја врзува влагата со кожата.

Она што е многу поважно од натписот „природно“ на пакувањето е квантитативниот состав на одредени неизбежни, но и неприродни состојки. Не плашете се од сите хемикалии, туку истражувајте што работи најдобро за вашата кожа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Го чуваат срцето, видот, мозокот, а се борат и против ТУМОРОТ: Еве кои придобивки ги имаат МАСЛИНКИТЕ!

Angela

Хороскопски двојки до крајот на месецот ќе доживеат разделба

Angela

Повторно е критична состојбата со ковид-19: Вчера починаа 24 лица, а беа регистрирани нови 702 заболени

Angela