Време е за брзо дејствување и ефикасни решенија. Доколку не сте започнале да вежбате и да се храните здраво на време, тешко дека ќе можете да ги решите сите проблеми со телесната тежина неколку дена пред лето.
Овој пијалок дејствува брзо и ќе ви помогне во ублажувањето на видливоста на „кората од портокал“. Овој антицелулитен шејк треба да го пиете секое утро, наместо редовен појадок, неколку дена. Пијалокот ќе ве засити, ќе го прочисти вашето тело, ќе го ослободи од вишок вода и ќе ги ублажи целулитот.
Потребни состојки за овој навистина волшебен пијалок:
- вода,
- грст спанаќ,
- половина банана,
- половина портокал,
- неколку прстени од ананас,
- малку цимет.
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не се соединат.
Спанаќот е одличен извор на железо и растителни влакна. Го забрзува варењето и со тоа помага да се исфрлат штетните материи од организмот.
Портокалот е богат со вода, витамин Ц, влакна и антиоксиданти и е добар за сјајот на кожата. Ананасот има диуретични својства, помага во борбата против задржувањето на течности во организмот и содржи антиоксиданси кои ја прават кожата да изгледа здрава и затегната.
Бананата е полна со калиум и е добар извор на витамин Б6 и диетални влакна, витамин Ц и манган. Помага и против задржување на течности во организмот.
Циметот ја стимулира циркулацијата, а сите знаеме дека целулитот најчесто се јавува токму поради проблеми со циркулацијата.
Водата е исклучително важна во борбата против целулитот бидејќи ги отстранува штетните материи и насобраните течности од организмот.