EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Владата прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Хороскоп за последниот работен ден – еден знак го очекува проблеми на работното место, а еве што ги очекува родените во месец април

Angela

Како да се однесувате на првиот состанок?

Angela

Хороскоп: Супер полната месечина во Стрелец носи големи предизвици

Angela