EXCLUSIVE MK
СПОРТ Фудбал

Влаховиќ одби историски договор со Фиорентина

Душан Влаховиќ почнува да си ги пакува куферите и да се подготвува за заминување од Фиорентина откако не постигна договор за продолжување на соработката со калчолигашот од Фиренца. Првиот човек на Фиорентина, Роко, Комисо, објави дека српскиот голгетер ги одбил понудените услови за продолжување на соработката, со кои Влаховиќ ќе станеше најплатен фудбалер во историјата на клубот.

„Виолетовите“ му понудиле на Србинот плата од над четири милиони евра годишно, но проблем во преговорите беше фактот дека фудбалерот инсистираше на вметнување на клаузула за раскин, што ќе му овозможеше полесен трансфер следното лето, нешто што Фиорентина го одби.

„Фиорентина испрати многу богата понуда на Душан Влаховиќ, договор со кој ќе станеше најплатен фудбалер во историјата на клубот. Нашата понуда неколку пати беше зголемувана за да се прифатат барањата на Влаховиќ, но и покрај големиот напор од наша страна, сепак таа не беше прифатена. Сите наши обиди и напори не се наградени со потпис на нов доовор, па сега останува да ја прифатиме желбата на фудбалерот да не потпише нов договор со Фиорентина. Тој во секој случај има договор со Фиорентина за уште 21 месец и ние сме убедени дека Влаховиќ ќе продолжи да го дава максимумот за нашиот клуб, исто како што тоа го правеше и досега“, објави Комисо.

По ваквиот развој на настаните, за очекување е „виолетовите“ да го задржат Србинот во јануарскиот преоден рок, но тој потоа во текот на летото да си замине од „Артемио Франки“. Интерес за ангажман на Влаховиќ во изминатиот период покажаа Јувентус, Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид…

Извор: Екипа.мк

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Заработуваат богатство, а се шетаат по теренот

Angela

Дарко Чурлинов добил сепса, во болница е во Белград!

Angela

Ботас за најактуелната тема во Формула 1: Ова станува сериозен проблем

Angela