EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА НАСЛОВНА

Внимавајте: Ако ве прашува ова, ве изневерува!

Ешли Медисон има специјализирана интернет страница во Канада која што ги поврзува венчаните луѓе кои што сакаат да имаат вонбрачни афери. Во текот на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирусот бројот на новите корисници пораснал за околу 70 милиони.

Една од нивните анкети спроведена на 1.300 корисници покажала дека 41 отсто од луѓето во врска барем еднаш размислуваат за тоа да го изневерат својот партнер, а дури 64 отсто биле жртви на неверство од својот партнер.

Причините за неверство се разновидни и се субјективни. Некои тоа го прават поради тоа што не добиваат доволно внимание од својот партнер или партнерка, други изгубиле интерес за својот сакан партнер поради промена во физичкиот изглед и сила, а трети немаат одговарачки сексуален живот.

Без оглед на причините, постојат суптилни знаци кои што укажуваат дека ќе дојде до таков чин.

Најчестиот знак дека личноста сериозно размислува за неверство е навидум невиното прашање кое што му го поставува на својот партнер или партнерка: Може ли да пробаме нешто ново во кревет?

Ова прашање е добар показател на емотивната состојба во која што се наоѓа одредена личност во врска или пак брак, а особено доколку истата не е предизвикана од свои желби во спалната соба.

Понатамошниот развој на ситуацијата зависи и од одговорот на прашањето, а првенствено зависи и од подготвеноста од отворен разговор за проблемите и наоѓањето на решенија.

И не, мажите не се единствените кои што размислуваат за нeверство поради тоа што се „опседнати со секс“.

И на жените им е потребен. Социологот Алиса Вокер го проучувала женското неверство и открила дека жените најчесто изневеруваат поради тоа што имаат брак без секс или пак секс без оргазам со своите партнери.

Колку секс е доволно за да ги задоволи и мажите и жените? Тој одговор варира во зависност од специфичните потреби на поединците.

Најдобриот начин да го откриете одговорот на тоа прашање е искрено да поразговарате со вашиот партнер.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Еве зошто е добро да водите љубов со музика!

nenad

Ако сте родени во некој од овие три знаци, подгответе се за бурен април

Angela

Песната за денешниот празник е глобален хит – еве како настанала „Ѓурѓовден“

Angela