EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Вознемирен коњ направи инцидент на крунисување на Чарлс Трети

За време на вчерашното крунисување на британскиот крал Чарлс Трети, се случи помал инцидент кога вознемирен коњ, кој беше дел од кралската поворка, налета на толпата луѓе која го следеше настанот на улиците на Лондон.

Според Sky News, во таа прилика нема повредени.

Претходно, силниот дожд ја отежна поворката со коњи што ја јаваа припадници на војската и вооружените сили за време на парадата.

Церемонијата на крунисувањето на кралот Чарлс заврши вчера со поздрави од членовите на кралското семејство од балконот на Бакингемската палата.

Десетици илјади луѓе се собраа пред палатата за да ја поздрават новата британска кралска двојка.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Познат точниот датум за локалните избори

Angela

ФОТО: Ким Кардашијан на Мет Гала како од насловната страна на Плејбој од 2007 година

Angela

Падна првиот снег во Маврово, Ниже Поле, Крушево, Малешевијата

Angela