EXCLUSIVE MK
Занимливости НАСЛОВНА

Во овој град можете бесплатно да се возите со автобус ако сте спремни да направите 20 клекнувања

Пред 3 години во Клуж, вториот најголем град во Романија, беше поставена првата паметна автобуска станица која нуди бесплатни билети.

Единствениот услов е да направите 20 клекнувања за 2 минути. Во замена за 20 клекнувања, патниците добиваат билет во еден правец кој изнесува околу 50 центи.

Станицата брзо стана хит помеѓу локалното население, но и своевидна туристичка атракција.

„Никогаш повеќе не би платил за билет“
Станува збор за проект на Спортскиот фестивал кој бил финансиски поддржан од градскиот совет, а бесплатните карти биле достапни во период од 2 недели. Проектот бил обновен по 3 години, па жителите на Клуж и туристите повторно „тргнале во акција“ и започнале да прават клекнувања за бесплатни карти.

„Никогаш повеќе не би платил за билет“, „Одлична идеја, ова треба да се постави во секој град“, „Брилијантно“, „Одличен начин за да се промовира здрав живот“, се дел од коментарите по повод ваквиот проект.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се породи македонската водилка – го роди својот втор син, па објави фотографија од болница откривајќи го името (ФОТО)

Angela

УТРЕ Е ЛЕТЕН СВЕТИ НИКОЛА – помолете се на големиот светец, а оваа грешка не смеете да ја направите!

Angela

На ГП Табановце за излез се чека околу 30 минути

Angela