EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Црна хроника

Во Скопје вчера напишани 243 казни за сообраќајни прекршоци

Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, полицијата во Скопје вчера изрече вкупно 243 мерки, од кои 56 се за возење повеќе од дозволената брзина, 53 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 24 за возење без возачка дозвола.

Исто така, изречени се 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење на мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, а 50 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Циметот помага против состојба на преддијабет

Angela

ЌЕ ПОДЗИНЕТЕ КОГА ЌЕ ЈА ВИДИТЕ ПО ПРЕЖИВЕАНИОТ МОЗОЧЕН УДАР: Сузан Бојл денес непрепознатлива, има милиони – но остана скромна (ВИДЕО)

Angela

Еве зошто треба редовно да консумирате дуњи

Angela