EXCLUSIVE MK
Uncategorized Македонија

Времето денес ќе биде претежно сончево

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст на температурите, особено на утринските. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

В четврток утринската температура ќе биде од минус три до пет степени, по што постепено ќе се зголемува и ќе се движи од два до 10 степени.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21 степен.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Во Крушево отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Angela

Советот на амбасадори бара од надлежните да дадат детални информации за пожарот во тетовската болница

Angela

Повторно високи температури, сончево и многу топло

Angela