EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Врнежливо и студено време – понесете чадор

Претежно облачно време ќе преовладува и денеска во земјава. Ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, а на планините ќе бидат поинтензивни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12, а максималната од 9 до 14 степени.

Во Скопје, претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.

Облачното и студено време ќе продолжи и следните денови. Ќе има и повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и некаде ќе наврнат до 20 л/м2 за 24 часа, а на места ќе бидат со пороен карактер и проследени со засилен ветер. Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Древното самостојно египетско општество траело околу 3.000 години

Angela

Водолијата полна со енергија, нов почеток на Ракот

Angela

Овие хороскопски знаци ги очекува голем финансиски успех во мај 2023 година?

Angela