EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

ВУХАН: Откриени нови случаи, најавено масовно тестирање

Властите во кинескиот град Вухан, каде што се појави коронавирусот кон крајот на 2019 година, денеска објавија тестирање на сите жители по појавата на неколку случаи на ковид-19.

Три нови случаи на ковид-19 беа потврдени вчера во Вухан, град со 11 милиони жители.

Вкупно седум беа позитивни за коронавирус, но четири немале симптоми. Ова се работници кои дошле во Вухан од други провинции.

– Градот брзо започнува со PCR тестирање на сите негови жители – рече градскиот службеник на денешната прес -конференција.

Последните случаи на коронавирус во Вухан беа пријавени во мај.

Делта сојот на коронавирус се појави минатиот месец во источна Кина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала

Angela

Зетот на Цеца никогаш не се појавува во јавноста – живее заедно со пејачката речиси 20 години и има посебна улога во вилата на Дедиње (ФОТО)

Angela

Емотивна објава на Ана Бекута за роденденот на покојниот Мрка, пејачката расплака многумина (ФОТО)

Angela