EXCLUSIVE MK
Занимливости

Гинисов рекорд во Србија: 256 лица со исто име и презиме!

Во Србија е соборен „Гинисов рекорд“, со дејството на едно место во исто време да се соберат 256 лица со исто име и презиме – Милица Јовановиќ.

Настанот се случил во Белград во организација на компанијата „Color Media Communications“. Организаторите велат дека се одлучиле на овој чекор поттикнати од статистичките податоци дека во земјата најчесто женско име е Милица, а презиме Јовановиќ.

– Соборен е Гинисов рекорд! 256 Милици Јовановиќ се собраа пред 5 минути во „Биг Фешн Белград“. Им благодарам на сите Милици, екипата која го организираше настанот и сите кои не подржаа“, напиша на Инстаграм директорот на компанијата, Роберт Чобан, објавувајќи го и сертификатот добиен од Гинисовата книга на рекорди.

Претходниот Гинисов рекорд бил поставен во Токио, 2022 година, кога на едно место се собрале 178 луѓе со име и презиме – Хироказу Танака. Дополнително, Јапонците им честитале на српските организатори.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Coban (@robert_coban)

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Coban (@robert_coban)

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да разликувате оригинал од копија парфем?

Angela

Факти за храната што ја јадеме

Angela

Првите туристи ќе заминат во Меѓународната вселенска станица во 2023 година

Angela