EXCLUSIVE MK
Компјутери НАСЛОВНА

Гледате ЈуТјуб на ТВ? Наскоро доаѓа промена која воопшто нема да ви се допадне

ЈуТјуб објави дека планира наскоро да воведе промена поврзана со рекламите прикажани на ТВ.

Имено, наместо досегашните реклами кои траат 15 секунди, ќе се прикажува една од 30 секунди. Нема да можете да ја прескокнете освен ако не платите 120 долари. ЈуТјуб наведува дека на овој начин огласувачите ќе добијат можност да ги претстават своите производи „позначајно“.

Тие изјавија и дека решиле да го воведат ова бидејќи забележале дека 70 проценти од содржината на YouTube Select се гледа преку ТВ. Тие исто така открија дека во иднина корисниците ќе можат да паузираат реклама од 30 секунди за да дознаат повеќе информации за производите или услугите што се рекламираат.

Тврдат дека оваа опција ќе биде многу повизуелна и интерактивна. Некои корисници веруваат дека тоа значи дека QR-кодовите би можеле да почнат да се користат. Ова е карактеристика што Hulu ја додаде уште во 2019 година.

Се уште не е познато кога точно ќе биде воведена оваа промена. За потсетување, YouTube ја лансираше платформата YouTube TV во 2017 година. Извршниот директор Нил Мохан рече дека помладите корисници повеќе не прават разлика помеѓу видот на содржината што ја гледаат.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Цеца Ражнатовиќ „пука“ во тесни хеланки во теретана: Пејачката реши да се „стегне“ за 50. роденден! (ФОТО)

Angela

Лада нива на струја, за пристојни пари (ФОТО)

Angela

Водолијата да биде потолерантна, Вагата се заплеткала во маѓепсан круг

Angela