EXCLUSIVE MK
Шоу биз

Говорот на тело го издаде: Кралот Чарлс има анксиозност, принц Хари не можел да го издржи притисокот поради ова семејно правило

И покрај заладените семејни односи и фактот што одамна го загуби статусот на миленик на британската јавност, принцот Хари неодамна се појави со насмевка во Лондон, каде сведочеше пред Високиот суд во врска со неговото тврдење против Associated Newspapers (ANL) за незаконски собирање информации.

И овој пат не го поштеди своето семејство, а во својата изјава го повтори она што го тврдеше во своите мемоари и рече дека кралското семејство го принудило да го следи правилото „никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“ во неговата врска со медиумите, иако тој и неговата сопруга Меган Маркл трпеа постојани напади.

„По смртта на мајка ми во 1997 година, кога имав 12 години, морав да го издржам притисокот на медиумите, со кои од тогаш имав заладени односи. Во исто време се придржував до семејното правило од што не смеев да отстапам“, истакна принцот.

Неговиот татко, кралот Чарлс, како и остатокот од кралското семејство, не се откажува од правилото да не се жали и да не објаснува, па од нив не можеше да се слушне коментар за ситуацијата со Хари, па и сега се однесуваат како ништо да не се случува и тие продолжуваат со работа како и обично, но некои работи се уште не можат да ги сокријат.

Чарлс и Камила моментално се во тридневна посета на Германија, каде што добија почесен пречек, а иако среќно се насмевнаа и разговараа со луѓето, експертот за говор на телото Џуди Џејмс истакна дека однесувањето на Чарлс ги издава нетрпеливоста и вознемиреноста.

-Како и на претходното појавување во Лондон, тој повремено покажува мало нетрпение. Чарлс неколку пати го тапкаше џебот на палтото, што го прави редовно кога е вознемирен, има ритуали во кои се допира, изјави таа за британски „The Sun“.

„Во еден момент забележав дека ја исфрли долната вилица и ги откри забите, што покажува напнатост и голем притисок“, опишала таа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Анастасија за првпат се појави во јавноста откако го загуби бебето, облеана во солзи го бодреше Немања, а она што тој го напиша на Инстаграм ќе ве натера да заплачете (ФОТО+ВИДЕО)

Angela

МУ СЕ ПУШТИ НА ТАЗЕ РАЗВЕДЕНИОТ ФУДБАЛЕР, НО ДОБИ КОРПА – една од најубавите жени на светот остана сама откако тој за жива глава не сакаше ништо (ФОТО)

Angela

Сите детали за свадбата на Анастасија Ражњатовиќ и Немања Гудељ: Прославата е веќе закажана!!!

Angela