EXCLUSIVE MK
Кошарка СПОРТ

Голден стејт без тројките на Кари го победи Бостон и дојде на чекор до титулата (ВИДЕО)

Голден стејт поведе со 3-2 во финалната серија против Бостон откако го доби петтиот дуел со 104-94.

Голден стејт е на чекор до шампионската титула, потребна им е само уште една победа, а синоќешниот триумф го изборија без тројките на Кари, тој не постигна ниту една.
Домаќините водеа во најголем дел од мечот, но Бостон успеа да го сврти резултатот во своја полза во третата четвртина, сепак последниот период му припадна на Голден стејт кој на крајот дојде до триумф од десет поени разлика 104-94.
Најдобар кај Голден стејт беше Вигинс со 26 поени и 13 скокови, Томпсон постигна 21 поен, Кари реализираше 16. Во составот на Бостон одличен беше Тејтум со 27 поени и 10 скокови, Смарт постигна 20.
Следниот натпревар се игра во Бостон. Селтикс ќе се борат за мајсторка, а Голден стејт за титулата.
https://www.youtube.com/watch?v=Rrcr1izEENo

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ТАА Е МОНСТРУМ ТВРДИ МАЈКАТА НА ЛЕГЕНДАТА: Вака изгледа 30 години подоцна манекенката која на денешен ден го однесе Дражен Петровиќ во смрт! (ФОТО)

Angela

Неверојатниот Бензема на чекор до рушење на рекорд на Роналдо

Angela

Уште пред две години реков дека Дончиќ е најдобар кошаркар на светот

Angela