EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Голманот Донарума не е добредојден во Милано (фото)

Повеќето навивачи на Милан веројатно никогаш нема да му простат на Џанлуиџи Донарума што ги напушти „росонерите“.

Голманот одби да го продолжи договорот со миланскиот клуб ова лето, и одлучи да се пресели во редовите на ПСЖ.

Репрезентацијата на Италија ќе го има домашниот терен на фајналфор во Лигата на нации, а во Милано се појавија нови пораки од навивачите и навреди за голманот на „аѕурите“.

– Донарума, го*но едно! Никогаш повеќе нема да бидеш добредојден во Милано – пишуваше на еден од транспарентите.

Дуелот помеѓу Италија и Шпанија е на програмата е денеска од 20.45 часот на „Сан Сиро“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Совети за подобро здравје на оние кои работат од дома

Angela

Збунувачки и малку познати суеверија за ѕвездите

Angela

Должината на денот осцилира на секои шест години

Angela