За многумина, утринското кафе е големо задоволство, но ако правите грешка со него, ќе добиете спротивен ефект. Наместо да бидете наполнети со енергија, одеднаш ќе се почувствувате уморни, раздразливи и нервозни.
Нутриционистот Сидни Грин ја објасни грешката што ја правиме кога консумираме кафе или овошен сок.
„Утринското кафе со шеќер ќе има сериозен ефект на целиот организам. Кофеинот ќе не крене, но ако кафето е засладено, ќе следи и ненадеен скок на шеќерот во крвта. По секој таков скок доаѓа поеднаков пад на шеќерот поради што чувствуваме симптоми како нервоза, замор, лоша концентрација и промени во расположение“, советува таа.
Ако пиете овошен сок и тука правите грешка бидејќи самото овошје ќе доведе до истиот ефект.
„Ако во вашето смути има само овошје, очекувајте го истиот ефект. Шеќерот во крвта ќе скокне, а потоа нагло ќе падне и вие ќе бидете уморни, нервозни и гладни“, вели таа.
Трикот што помага е во смути да додадете намирници кои содржат протеини како на пример јогурт или путер од кикирики.